Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комисијата за заштита од дискриминација го прозва епископот Стобиски да се извини

Комисијата за заштита од дискриминација го прозва епископот Стобиски да се извини

Епископот Јаков Стобиски, кој во овој период јавно се противи на законските измени за родов идентитет и матична евиденција, со кои секој ќе може да си го промени полот во изводите, денеска беше прозван од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Таа како што се вели во информацијата, утврдила дека епископот има извршено дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во областа на јавното информирање и медиуми.

Реакцијата на комисијата е по поднесена преставка од страна на КВИР Центарот и Коалиција МАРГИНИ, за што треба Стобиски јавно да се извини, во спротивно на што Комисијата ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци.

„Водејќи се од наодите на претставките, како и произнесениот одговор на Јаков Стобиски по однос на нив, Комисијата увиде исполнување на дефиницијата на вознемирување содржана во член 10, став 1, од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Тие константираа дека „преку своите јавни настапи изминатиот период, меѓу кои гостувањето на емисијата Детектор на Сител телевизија и јавната трибина во Струмица, Јаков Стобиски изразил мислења, ставови и идеи кои се понижувачки, навредливи и деградирачки кон трансродовите лица и кои ја охрабруваат дискриминацијата и омразата кон ЛГБТИ луѓето. Тој го искажал својот став кон трансродовите лица преку стереотипи, опишувајќи ги како лица кои страдаат од ментално растројство, нагласувајќи ја на тој начин стереотипната и штетна слика за нив и нивната позиција во општеството.“ се вели во дел од соопштението на комисијата.



Слично

Поврзани вести