Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комисијата за заразни болести во вторник ќе побара забрана од здравствениот инспекторат

Комисијата за заразни болести во вторник ќе побара забрана од здравствениот инспекторат

Во вторник Комисијата за заразни болести ќе побара од Државниот здравствен инспекторат да спроведе забрана за одење во детски градинки на децата кои не се вакцинирани против пертусис, објави Телма.

Во зависност од актуелната состојба, ќе се предложат нови мерки. Првиот човек на комисијата Александар Петличковски веќе рече дека препораката ќе биде детските градинки да направат список на вакцинирани и невакцинирани деца

Градинките сеуште ги чекаат насоките на институциите како да постапат против големата кашлица.

Во меѓувреме и натаму продолжува вакцинирањето против оваа болест која е најопасна за доенчињата, но ги засега и возрасните.



Слично

Поврзани вести