Комисијата за заразни болести в понеделник на увид на аеродромите: Авионите ќе полетаат на 1 јули, границите се отвораат утре
Mакедонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без да направат ПЦР-тест за корона вирусот и и без да бидат приморанио да останнат во самоизолација или државен карантин, по утрешното официјално товорање на сите гранични премини.
Ваква одлука донесе Владата на седницата што ја одржа во вторникот, по што премиерот Оливер Спасовски изјави дека не станува збор за политичка одлука која многумина ја поврзуваат со одржување на предвремените парламентарни избори. Спооред него, одлуката за отворање на границите е донесена по сите направени епидемиолошки анализи и според даденото мислење од страна на Комисијата за заразни болести.
Што се однесува пак до отворање на аеродромите, тоа треба да се случи на 1 јули. Комисијата за заразни болести најави дека в понеделник ќе направи последен увид на Меѓународниот аеродром Скопје, како и на аеродромот во Охрид, со цел да се целосно спроведување на протоколите и мерките за заштита пред официјалниот старт.
