Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комисијата за заразни болести утре ќе ги разгледува податоците за заболени од ковид -19

Комисијата за заразни болести утре ќе ги разгледува податоците за заболени од ковид -19

За утре e закажан состанок на Комисијата за заразни болести. 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок.

„Состанокот на Комисијата за заразни болести е закажан за утре заради тоа што обично бројот на случаи од резултатите од изминатиот викенд не е реален. Во текот на утрешниот ден ќе ги разгледуваме новите податоци“, рече Филипче.

Според најновиот извештај на Министерството за здравство, во земјава има 303 нови заразени со ковид - 19 и 41 починат. Од среда ќе се вакцинираат повозрасните граѓани. Дел од граѓаните веќе ја примија првата доза во соседна Србија за време на викендот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести