Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ УТРЕ ИМА СОСТАНОК СО МОН: Кој ќе дојде е неизвесно, министерот Адеми е во изолација

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ УТРЕ ИМА СОСТАНОК СО МОН: Кој ќе дојде е неизвесно, министерот Адеми е во изолација

Комисијата за заразни болести утре треба да одржи состанок со претставници од Министерството за образование и наука, за да почнат да ги утврдуваат протоколите за почетокот на новата учебна година.

Но, оттаму за Фактор велат дека се уште е неизвесно кој од МОН ќе присуствува на сотанокот, откако во текот на неделава, министерот за образование, Арбер Адеми објави дека е позитивен на корона вирусот, а како контакт го навел својот татко кој живее во Опае.

Претходно, во изјава за Фактор, членот на комисијата и директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, д-р. Ангелчо Андоновски истакна дека се уште немаат разговарано за прецисен модел како ќе се одвива наставата од септември, но дека Комисијата е задолжена за здравствените протоколи, а организацискиот дел треба да го преземе Министерството за образование и наука.

-Ако биде одлучено наставата да се одвива со физичко присуство на децата најверојатно тоа ќе подразбере сменско работење, со точно утврдени здравствени протоколи, односно одржување потребно растојание, редовна дезинфекција на училниците, задолжени контролори од страна на училиштата за мерење температура и носење заштитни маски. Сето ова навистина треба добро да се осмисли и да се организира безбедно одржување на наставата, изјави за Фактор, Андоновски.

А.Б.


Слично

Поврзани вести