Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комисијата за заразни болести уште утре ќе препорача намалување на работното време на локалите: Најголем број од заразените се млади кои одат по журки

Комисијата за заразни болести уште утре ќе препорача намалување на работното време на локалите: Најголем број од заразените се млади кои одат по журки

Во тек се анализите за начинот на трансмисја на корона вирусот, а од Комисијата за заразни болести за Фактор потврдуваат дека нивна препорака дефинитивно ќе се однесува на скратување на работното време на кафулињата, ноќните клубови, барови, локали.

-Секаде каде што има неконтролирано собирање на огромен број луѓе е ризик за ширење на корона вирусот. Последните случувања со концерти и максимално непочитување на протоколите во дел од кафулињата не наведува да ја препорачаме рестриктивната мерка која ќе се однесува на ограничување на работното време. Утре секој од нас ќе си даде свои предлози, а потоа што ќе прифатиме заеднички ќе го доставиме како официјална препорака до Владата, велат извори на Фактор од Комисијата за заразни болести.

Напоменуваат дека и претходно укажуваа дека ако бројот на новозаразени оди во нагорна линија, прво рестриктивните мерки ќе се применат онаму каде што има гужви.

-Навистина незнаеме како ќе биде зимава, но не сум оптимист. Не смееме да дозволиме да се преполнат болничките капацитети, тоа ќе биде крах за здравствениот систем, и ќе повторам, не се бара премногу, само почитување на основните мерки за заштита. Ама граѓаните и тоа како намерно да го занемаруваат, па бројките ни растеле, па се рабира дека епидемиолошката крива ќе оди уште повисоко, велат од Комисијата за заразни болести.

Во однос на тоа дали има кластери на заболени од ковид, истакнуваат дека нема, но се поголем е бројот на млади кои се заразени со вирусот.

А.Б.


Слично

Поврзани вести