КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ СО ПОДЕЛЕНИ МИСЛЕЊА: Неофицијално ќе отворат летните тераси, полицискиот час од 21 до 05
Комисијата за
заразни болести на денешниот редовен утрински состанок не донесе заклучоци,
односно нема конкретни предлози во однос на рестриктивните мерки за
претстојните празнични денови.
Добро упатени извори од Комисијата за Фактор велат дека мислењата на членовите на Комнисијата за заразни болести и во однос на полицискиот час, и во однос на отвореањето на угостителските објекти, односно ресторани, кафулиња, кафеани и така натаму биле поделени.
-Имавме предлог полицискиот час од утре да почнува од 21 часот, но да не важи за Велигден, односно вечерта сабота спрема недела, како и да не важи на Курбан Бајрам. Но, сепак останавме без заклучок во однос на оваа рестриктивна мерка, бидејќо мислењата ни беа поделенби. И во однос на тоа дали угостителите треба да отворат, членовите на Комисијата за заразни болести имаа поделени мислења. Некои сметаат дека треба да почнат да работат барем терасите, некои пак се на ставот дека треба и во наредниот период да останат затворени, валат за Фактор извори од Комисијата за заразни болести.
Неофицијално, сепак владиниот Кризен штаб денеска ќе донесе одлука угостителските објекти да може да примаат гости, но само на летните тераси, односно во на отворено.
Инаку, според анализите на Комисијата за заразни болести, епидемиолошката крива е во надолна линија, и има 43 проценти намалување на бројот на нови регистрирани случаи на ниво на целата држава.
-Сепак во болниците се уште има значителен број приеми, притисокот не е толку голем, но треба да се внимава и да не се дозволи преоптоварување посебно заради тешко болните пациенти кои остануваат многу подолго на болничко лекување, велат од Комисијата за заразни болести.
A.B.