Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комисијата за заразни болести одлучи: Мерките се доволни, нема потреба од нови рестриции

Комисијата за заразни болести одлучи: Мерките се доволни, нема потреба од нови рестриции

Комисијата за заразни болести не воведува нови рестриктивни мерки. На утринскиот состанок е заклучено дека во моментов во Македонија нема потреба од ограничување на движењето или дополнително затворање на други економски оператори по 21 часот.

Здравствените власти сметаат дека актуелните мерки ќе дадат резултати во однос на намалување на трансмисијата на вирусот.

-Генерално, впечатокот е дека има помала раздвиженост во градовите, заради што и се очекува да има намален број на новозаразени со корона вирусот. И во болниците има се уште места за болните на кои им треба хоспитализација. Денеска не препорачуваме построги и порестриктивни превентивни мерки, велат за Фактор, извори од Комисијата за заразни болести.

Сепак, дел од членовите на Комисијата за заразни болести сметаат дека епидемиолошката слика во земјава не е најдобра, но ситуацијата ја следат од ден во ден. Доколу бројот на новозаразени расте и понатаму, како што посочуваат, а со тоа се зголемува и потребата за хоспитализација на уште поголем број пациенти, ќе препорачаат до владата ограничување на движењето.

Според некои од нив, најсоодветна мерка би била од 21 часот навечер до 5 изутрина да нема движење на граѓаните.

А.Б.

Слично

Поврзани вести