Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ НЕ ПРЕПОРАЧА НОВИ МЕРКИ: Нема голем притисок врз болниците

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ НЕ ПРЕПОРАЧА НОВИ МЕРКИ: Нема голем притисок врз болниците

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не препорача нови мерки, бидејќи како што брифираат извори за Фактор, епидемиолошката состојба засега останува стабилна.

-И покрај евидентното заголемување на бројот на новозаразени на дневна основа, епидемиолошката состојба кај нас засега е стабилна, нема преоптоварување на болничките капацитети. Токму тоа е главна причина кога одлучуваме да препорачаме дополнителни мерки, а во моментов, за среќа дел од ковид-центрите кои во претходните бранови беа преполни, сега се празни. Најголем процент од засега хоспитализираните пациенти се невакцинирани лица, велат изворите на Фактор и нагласуваат дека на сила остануваат општите мерки за заштита од корона вирусот, а тоа се носење маски во затворени објекти како и држење дистанца.

Членовите на Комисијата за заразни болести исто така апелираат на што поголем опфат на вакцинација, бидејќи, како што велат, сите анализи покажуваат дека вакцините иако не се 100 процентни ефикасни против заразата, сепак штитат од тешки форми на болеста за кои е потребно болничко лекување.

Во Македонија, како што соопшти Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден, заклучно со 9 ноември вкупно се вакцинирани 811.226 граѓани, ревакцинирани се 782.460, а трета доза примиле 48.087 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57% , а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

А. Б.

Слично

Поврзани вести