Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комисијата за заразни болести не ја прекинува наставата во училиштата

Комисијата за заразни болести не ја прекинува наставата во училиштата

Комисијата за заразни болести не препорача вонреден распуст за учениците заради ширењето на грипот меѓу школската популација.

Тоа значи дека нема да има прекин на наставата поради ширењето на вирусот поради кои во некои училишта отсуствуваат и повеќе од половина ученици.

Минатата недела од регистрираните 5.600 случаи за една една недела, најголем број се ученици.

Министерот за образование Арбер Адеми вчера единствено рече дека ситуацијата се следи и своевремено ќе биде ако треба донесена соодветна одлука.

Според епидемилолозите, потребно е да се исполнат неколку услови за да се исполни критериумот за носење мерки за спречување на ширење на грипот во училиштата.


Слично

Поврзани вести