КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: Епидемиолошката состојба во регионот е лоша, се уште се потребни ПСР тестови за престој во Македонија
Комисијата за
заразни болести во текот на овој викенд воопшто нема да разговара за укинување
на рестриктивните мерки за земјите од нашиот регион. Велат дека епидемиолошката
состојба во Србија, Црна Гора и Косово не дозволува Македонија да ги укинува
мерките кои се однесуваат на укинувањето на ПСР тестовите.
-Бројот на новозаразени случаи со корона вирусот во најголем дел од балканските земји е огромен. Ние ги воведовме рестриктивните мерки и за сега не планираме да ги олеснуваме. Посебно е лоша состојбата во Србија, што значи дека секој што ќе сака да влез во Македонија и да се задржи тука, односно да не поминува само транзит, мора да има негативен ПСР тест, велат извори од Комисијата за заразни болести за Фактор.
Оттаму посочуваат дека одамна се утврдени и протоколите за транзит низ земјава, па во рок од пет часа сите патници од Табановце имаат право само да застанат на бензиска, да купат храна, и да не се задржуваат подолго од утврденото време при правењето паузи. Но со оглед на Фактот, како што потенцираат од Комисијата за заразни болести, што и граничниот премин Евзони со соседна Грција е затворен за влез во земјата, и бројот на оние кои транзитираат низ Македонија е сведен на минимум.
А.Б.
