Комисијата за спречување на корупција отвори предмети против Заев
Државната комисијата за спречување на корупција по пријава на ВМРО-ДПМНЕ отвори предмети за случаите „Глобал“ и „Едно евро за Вицето“ поврзани со премиерот Зоран Заев. Ќе се испитува и случај во кој општина Струмица, додека Заев бил градоначалник, продала државно земјиште кај касарната.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријави против двајца актуелни владини фунционери - вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Кај Анѓушев станува збор за продажба на земјиште во Дреново за изградба на хидроцентрала на фирма каде тој е сопственик, а управител бил неговиот брат, додека кај Манчевски спорна за ВМРО-ДПМНЕ е неговата поврзаност со одредени грчки фирми.
Слично
