Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМИСИЈАТА ЗА ПОМИЛУВАЊЕ ДОБИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ: Силјановкс-Давкова ги именуваше, еве кои се

КОМИСИЈАТА ЗА ПОМИЛУВАЊЕ ДОБИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ: Силјановкс-Давкова ги именуваше, еве кои се

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување.

За претседател на Комисијата за помилување именуван е проф. д-р Методија Каневчев, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска, Саше Димовски и Ајтен Шаќири.

При изборот и именувањето на членовите на Комисијата за помилување претседателката Сиљановска Давкова се водеше по критериумите за стручност, компетентност и конкурентност. Именуваните членови се истакнати експерти и познавачи од областа на правото.


Слично

Поврзани вести