Комисијата за европски прашања го усвои Предлог-законот за ратификација на договорот за името
Комисијата за европски прашања го усвои Предлог законот за ратификација на договорот со Грција. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров еден час зборуваше за процесот за решавање на спорот со името образложувајќи го постигнатиот договор со Грција член по член пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања.
Димитров рече дека овие денови се историски за Македонија. Текстот на договорот за него како што кажа е одговорност и патриотизам.
Димитров тврдеше дека одлуката да се затвори спорот била донесена без притисок од Западот. Новата политика на одговорност и транспарентност, според него, ја носи Македонија во просперитет, поголема стабилност, безбедност.
Слично
