Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комисијата препорача, а Владата ќе одлучи дали кафулињата ќе работат до 21 часот

Комисијата препорача, а Владата ќе одлучи дали кафулињата ќе работат до 21 часот

На утринскиот состанок Комисијата за заразни болести препорача скратување на работно време до 21 часот на сите економски оператори, а тоа значи, кафулиња, ресторани, др угостителски објекити.

Оттаму за Фактор велат дека, под економски оператори подразбираат места каде што има групирања на луѓе на помал простор, каде што ризикот за ширење на вирусот е многу поголем. Истовремено велат дека оваа мерка иако е непопуларна за економијата, во моментов е најважно здравјето на луѓето, како и тоа да не се доведе земјава до целосен колапс на здравствениот систем.

-Во моментов во болниците веќе имаме над 700 хоспитализирани пациенти, а сите кои се хоспитализирани значи дека се во тешка ситуација. Нашите болници се програмирани за до околу 1.000 болни од ковид, се што е повеќе, ќе биде огромно оптоварување. Секојдневно се прават и огромни реорганизации и ротации на докторите и другиот медицински кадар, така што сметаме дека овие мерки можат да го ублажат актуелната состојба, велат од Комисијата за здравство за Фактор.

Иако здравствените власти сметаат дека ваквата мерка во голема мера ќе се намали трансмисијата на корона вирусот, последниот збор ќе биде на Владата. Седницата е закажана за утре.

-Ова е само препорака, се додека Владата не одлучи како ќе биде. Сметаме сепак дека овој наш предлог ќе биде прифате, особено поради фактот што во земјава епидемиолошката состојба е лоша, со голем број новозаразени на дневна основа, но и со голем број починати пациенти од корона вирусот, велат за Фактор од Комисијата за заразни болести

А.Б.

Слично

Поврзани вести