Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комисијата едногласно прифати симнување на имунитетот на шест пратеници

Комисијата едногласно прифати симнување на имунитетот на шест пратеници

Едногласно Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања одобри симнување на имунитетот на шесте пратеници од редовите на ВМОР ДПМНЕ кои се во притвор поради терористичко здружување и закана за безбедноста.

Сега на потег е  претседателот на Комисијата Павле Богоевски  кој треба да го извести Собранието кое на пленарна седница ќе гласа за дефинитивна одлука. 

За да им биде одземен имунитетот на пратениците потребно е просто мнозинство со 61 глас.

Да потсетиме дека судот побара одземање на имунитет за пратениците Крсто Муковски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчувловски и Љубен Арнаудов.

Слично

Поврзани вести