КОМИСИЈА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: Се разговара за отворање на границите, внимателни ќе бидат во однос на препораките за фитнес центрите и базените
Овие два дена
членовите на Комисијата за заразни болести ќе разговараат за олабавување на рестриктивните
мерки кои се во последната трета фаза. За Фактор велат дека најверојатно
границите ќе бидат целосно отворени во текот на неделава што следува, но поради
факотот што во изминатите денови, бројот на новозаразени е постојано над 100,
со отворањето на фитнес центрите и базените ќе треба многу внимателно да се
постапи.
Сметаат дека недисциплината на граѓаните е основна причина за високиот број на новоинфицирани, заради што ќе ги разгледаат сите опции за отворање на објектите за рекреација и спорт кои се во затворен простор.
Слично
