Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комисија ќе утврдува дали судиите се виновни за бегството на осомничени во предмети на СЈО

Комисија ќе утврдува дали судиите се виновни за бегството на осомничени во предмети на СЈО

Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, на ден 25.08.2017 година одржа седница на која беше разгледан извештајот на определениот известител од редот на Советот во врска со формираниот предмет по допрен глас и поднесената иницијатива од страна на Здружението за истражувања, анализи и развој „Зелена Лупа“ Скопје, за сторени неправилности од страна на судиите кои одлучувале во постапката по судските предмети познати во јавноста како „Таргет“ и „Тврдина“. На јавноста и е познато дека во одлучувањето учествувале судии во Основинот суд Скопје 1 Скопје, Апелациониот суд Скопје и Врховниот суд на РМ.

Врз основа на поднесениот извештај од страна на определениот известител, поткрепен со одредени факти обезбедени од негова страна, Советот донесе одлука извештајот да се прифати и од своите редови формира Комисија за утврдување на фактите во врска со изнесените наводи во јавните гласила и иницијативата поднесена од страна на Здружението за истражувања, анализи и развој „Зелена Лупа“ Скопје.

Комисијата треба да утврди дали судиите сториле неправилности при донесувањето на нивните одлуки и за тоа ќе изготви извештај по кој Советот ќе одлучи дали ќе се поведе постапка за утврдување одговорност на судиите пред Судскиот Совет на РМ или ќе ја одбие иницијативата, за што јавноста ќе биде известена.

„Зелена Лупа“ Скопје е здружение на граѓани кои се залагаат за владеење на правото, интегритет и функционалност на институциите и борба против корупцијата.

Системски пристап во следењето на работата на државните институции со особен акцент на следење на работата на правосудните институции и истражните органи

Ова здружение бара одговорност од судиите кои со своите активности и дејествувања им овозможиле на Горан Грујовски и Никола Бошковски да избегаат од државата.

Слично

Поврзани вести