Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМЕСАРОТ ВО СКОПЈЕ: Заев ќе им го претстави акцискиот план за евроинтеграции на Хан и Прибе

КОМЕСАРОТ ВО СКОПЈЕ: Заев ќе им го претстави акцискиот план за евроинтеграции на Хан и Прибе

Европскиот комесар Јоханес Хан и германскиот експерт Рајнхард Прибе денеска во Скопје ќе го слушнат акцискиот план за евроинтеграции кој го има Владата на премиерот Заев.

И Хан и Прибе бараат итни реформи.

Токму за Итните реформски приоритети Хан ќе учествува на денешната владина седница, а претходно ќе има тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев. 

Хан ќе има и одделна средба со владина делегација составена од министрите Радмила Шеќеринска и Никола Димитров и вицепремиерот Бујар Османи, а според најавите еврокомесарот ќе се сретне и со опозицијата.

Македонија ќе треба да покаже дека е способна да ги реши проблемите кои пред две години германскиот експерт Рајнхард Прибе во најголем дел ги лоцираше во правосудниот систем, а со години наназад слични забелешки беа нотирани и во извештаите на ЕК, ГРЕКО, и други организации.

Препораките на Прибе подразбираат многу потешки реформи од минимално прочистување на Изборниот законик и некои мерки во регулативата на медиумите, а тоа е единственото сторено во овие две години велат повеќето аналитичари.

Слично

Поврзани вести