Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СО ЗАРАБОТКА ОД НАД 90 МИЛИОНИ ЕВРА – дел од добивката ќе оди за инвестиции, дивидендата 1.350 денари за акција

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СО ЗАРАБОТКА ОД НАД 90 МИЛИОНИ ЕВРА – дел од добивката ќе оди за инвестиции, дивидендата 1.350 денари за акција

Нов вртоглав раст на добивката регистрираше Комерцијална банка АД Скопје, а за ова компанијата извести Македонска берза, каде воедно објави дека во текот на минатата 2025 година имале рекордна нето добивка од 82,5 милиони евра. 

Притоа во извештајот објавен на берза, банката посочи дека за данок на добивка платила околу 9 милиони евра на државата. 

- Поради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 1.600,5 милиони денари (околу 25,5 милиони евра, н.з.) да се издвои во резерви. 

Дел од добивката во износ до 400 милиони денари (околу 6,5 милиони евра) се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2026 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката - се посочува во извештајот. 

Воедно од Банката во објавите споределени на берза, ги откри и плановите за делење на дивидендата за минатата година. Имено, може да се види дека благодарение на силните финансиски резултати, акционерите ќе добијат дивиденда од бруто изност од 1.350 денари за акција.

- Комерцијална банка АД Скопје на 27.03.2026 година го одржа своето редовно Годишно собрание на акционери.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2025 година со бруто-добивка во износ од 5.632,5 милиони денари ((91,6 милиони евра)). По пресметување на данокот на добивка од 555,2 милиони денари (9 милиони евра), нето-добивката на Банката изнесува 5.077,3 милиони денари (82,5 милиони евра)

Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 5.077,3 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 135% од номиналната вредност на акцијата, односно по 1.350 денари на една акција. 

Исплатата на дивиденда ќе започне на 04.05.2026 година. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 1.600,5 милиони денари да се издвои во резерви. 

Дел од добивката во износ до 400 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2026 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката - се посочува во објавата. 

Објавите откриваат дека акционерите одобриле и средства за награди на членовите на Надзорниот одбор во вкупен износ од 5,33 милиони денари или 86,6 илјади евра.

- Средствата за награда на надзорниот одбор во износ од 5.330.000 денари, кои претставуваат трошок на банката, да се распределат во готово. 

Распределбата на средствата на поединечни членови на Надзорниот одбор ја извршува Одоборот за воспоставување и спроведување на Политиката за наградувње - се посочува во објавата. 

П.О. 


Слично

Поврзани вести