Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СЀ ПОБЛИСКУ ДО КУПУВАЊЕ НА СТОПАНСКА БИТОЛА - КХВ издаде дозвола за давање понуда за преземање

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СЀ ПОБЛИСКУ ДО КУПУВАЊЕ НА СТОПАНСКА БИТОЛА - КХВ издаде дозвола за давање понуда за преземање

Комисијата за хартии од вредност денеска на седница донела решение со кое на Комерцијална банка АД Скопје и издаде дозвола за давање понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола, пренесе Миа.  

Понудата за преземање се однесува на 390.977 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола, кои претставуваат 100 проценти од основната главнина на  банката. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.200 денари по акција.

- Согласно Понудата за преземање, а според Законот за преземање на акционерски друштва,  преземачот утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена за понудата да се смета за успешна, односно понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 261.956 обични акции кои претставуваат 67 проценти плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Рокот за прифаќање на понудата за преземање започнува да тече од денот на првото објавување на понудата за преземање и изнесува 28 календарски дена, информира КХВ.

Повеќе детали во интервјуто на Фактор со првиот човек на Комерцијална банка, Хари Костов.

Слично

Поврзани вести