КОМЕНТАРИ СО ГОВОР НА ОМРАЗА КОН ПОЧИНАТАТА РАТКА ДИМИТРОВА: Аир да не видат цела фамилија!
По објавата на социјалните
мрежи за починатата пратеничка во првиот состав на Собранието од редовите на
ВМРО-ДПМНЕ, Ратка Димитрова, мајка на досегашниот шеф на дипломатијата Никола
Димитров, дел од граѓаните со коментари полни со говор на омраза и кон неа и кон
нејзиното семејство.
Ова се дел од постовите на Фејсбук страницата „Бојкотирам“:
„Нек повлече нога и за нејзиниот „втор син“, коментира Мац Спасовски.
Сузана Македонска Ристова коментира: „Тешка и земја македонска… и немојте да ми зборите за вера, за овие гнаси предавнички бугарашки, прошка никогаш, па ни тогаш“!
Божидар Македонски Бојкоски пишува: „Аир да не видат цела фамилија! Сите до еден да испоцркаат м…е предавничко“.
ЦИВИЛ Центар за слобода го осудува говорот на омраза, и ги повикува надлежните институции веднаш да реагираат и да ги санкционираат тие што шират говор на омрза.
