Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМБИНИРАНА ТЕРАПИЈА: Со хлоркинин и азитромицин од денеска ќе се лекуваат болните од коронавирус

КОМБИНИРАНА ТЕРАПИЈА: Со хлоркинин и азитромицин од денеска ќе се лекуваат болните од коронавирус

Агенцијата за лекови МАЛМЕД ја одобри комбинацијата на терапија за пациентите заболени од коронавирусот, и од денеска ќе почнат да ја примаат инфицираните со коронавирусот.

-Комбинацијата којашто ја содржи лекот хлоркинин и азитромицин, кој се покажа ефективен во повеќе земји, ќе биде аплицирана на пациентите коишто се лекуваат кај нас и во болничките и домашни услови после соодветна индикација од лекарот - заради тоа што е потребна прво проценка на клиничката состојба поради тоа што се дава кај одредена група, не кај сите пациенти“, потенцираше министерот Филипче.

До вчера до 12 часот, во Македонија се регистрирани вкупно 148 лица, од кои двајца се починати, а еден пациент е излекуван.
Министерот Филипче информираше дека на инфективната клиника, во моментов има 29 пациенти коишто се лекуваат стационарно.

-Од нив, една пациентка е во тешка општа состојба на респираторна машина, без промена во нејзината клиничка состојба во изминатите денови. Шест пациенти се со потешка клиничка слика, но сè уште респираторно самостојни, не им е потребна вентилаторна поддршка, изјави министерот Филипче.


Слично

Поврзани вести