Комби прегази жена во Дебар Маало
Жена загина во скопската населба Дебар Маало откако со комби беше прегазена на улицата „Антоние Грубишиќ“, пред училиштето „Коле Неделковски”.
Комбито, кое најверојатно доставувало пијалаци во кафулињата на улицата, возело во рикверц.
Од граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ одамна бараат временски да се ограничи дотурот на пијалаци и друга стока и да се забрани тоа да се прави во текот на целиот ден, заради безбедност на сите.
Слично
