КОМБЕ СЕ ПРЕВРТЕ НА ПАТОТ СТРУМИЦА - ВАЛАНДОВО: Петнаесет патници се повредени
Петнаесет патници се полесно повредени во сообраќајка која се случи утрово откако комбе-автобус изгубило контрола и се превртело на патот Струмица-Валандово.
Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, информираше дека несреќата се случила околу 06:20 часот.
„Околу 06:20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, Ф.А.(42) од Струмица, управувајќи комбе-автобус со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот. Во несреќата со полесни повреди се здобиле повеќе лица кои биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица и јавен обвинител од ОЈО Струмица“, изјави Трајанова.
Од струмичкото обвинителство велат дека во возилото имало 25 лица.
