Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМАРЦИТЕ ГИ ИЗЕДОА СКОПЈАНИ: Од утре ќе се прска од земја, авионите не завршија работа

КОМАРЦИТЕ ГИ ИЗЕДОА СКОПЈАНИ: Од утре ќе се прска од земја, авионите не завршија работа

Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне од утре, 31.август и ќе заврши најдоцна до петок, односно до 4.спетември.

Прскањето до земја, како што информираат од Град Скопке ќе се врши во периодот од 9 до 3 часот, наредниот ден.

-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, соопштуваат од Град Скопје.


Слично

Поврзани вести