Економија, финансии, бизнис

Контакт

Командир на пожарна со лажни прекувремени часови до 5000 евра

Командир на пожарна со лажни прекувремени часови до 5000 евра

Кривична пријава против 52 годишниот З.Т. од Свети Николе е поднесена од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот З.Т. како командир на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, во период август 2013 година до ноември 2017 година, во месечните прегледи за остварени часови на вработените во Територијалната противпожарна единица Свети Николе, лажно прикажал дека остварил 1.140 часови прекувремена работа.

 Со своето лажење З.Т. го оштетил буџетот на општина Свети Николе за 321.804 денари. 

Слично

Поврзани вести