Економија, финансии, бизнис

Контакт

Командир на Деве Баир преминот заработи кривична пријава

Командир на Деве Баир преминот заработи кривична пријава

Полициски командир на Граничниот премин Деве Баир заработи кривична пријава бидејќи во повеќе наврати потпишал 67 наредби за работа подолга од полното работно време на 30 полициски службеници, со што го оштетил Буџетот за 112.810 денари.

Кривична пријава е поднесена против С.В.(44), командир на ПС за ГП и ГН Деве Баир поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на 2014, 2015 и март 2016 година пријавениот, спротивно на одредбите од Упатството за начинот на евидентирање на реализирани часови на прекувремена работа, издал и потпишал 67 наредби за работа подолга од полното работно време на 30 полициски службеници од ПС за ГК и ГН Деве Баир, со што го оштетил Буџетот на Министерството за внатрешни работи за износ од 112.810 денари.


Слично

Поврзани вести