Командат Хоџа не им е по ќеиф и на Американците во земјава
За новите советници вработени во Владата на РМ реагира и Американската амбасада во државата.
Имено, од таму за ТВ21 потврдиле дека до Владата на РМ ја изразиле својата загриженост во врска со овој податок.
“Ние (во продолжение американска амбасада) ја изразивме нашата загриженост до Владата на РМ бидејќи сметаме дека назначувањата на одредени функционери претставува проблем, се вели во одговорот на амбасадата на САД“ , додавајќи дека ова претставува ненадминлива пречка за работните односи меѓу амбасадата и владата.
Зачера од владата соопштија дека командат Хоџа или Џезаир Шаќири е поставен за советник на премиерот во областа на безбедноста.
Меѓудругото, потврдуваат дека Џезаир Шаќири, има времен договор со времетраење од една година, со висина на примања од 36.000 денари месечно.
Командант Хоџа е учесник во воениот конфликт од 2001 година, ги раководеше припадниците на УЧК во Арачиново, а потоа често влегуваше во отворени политички судири со раководството на ДУИ.