Економија, финансии, бизнис

Контакт

Командантот на „Лавовите“ ќе лежи затвор за дело од 2001

Командантот на „Лавовите“ ќе лежи затвор за дело од 2001

Поранешниот командант на расформираната единица „Лавови“, Горан Стојков, ќе излежува една година казна затвор за дело од 2001, велат последните информации.

Од Кривичниот суд најавуваат детали за денеска, а недостасуваат официјални информации за што му се судело на Стојков. Претходно, единствено што се знаеше беше според штурото соопштение на МВР..

Информациите на „Фокус“ велат дека тој денеска бил спроведен во затворот во Шутка, а а наводно бил суден бидејќи фалела муниција за време на војната во 2001 година.

-На 16.12.2021 во 16:15 часот полициски службеници од  Оперативен тим Потраги на  бензинска пумпа  на бул.”Србија” во Скопје го лишија од слобода Г.С. (51), роден во Струмица, а  со адреса на живеење во Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен Суд-Скопје 1 вв чл.353 ст.3 од КЗ на РСМ, за казна затвор од една година. Лицето е предадено во КПУ Затвор Скопје-Скопје за издржување на казната, велат од МВР, се вели засега единствено во билтенот на МВР,.

Стојков во 2016 ја одлежа затворската казна од 3 години и 3 месеци за случајот „Шпион“.

Слично

Поврзани вести