Економија, финансии, бизнис

Контакт

Командант Малишева до Мицкоски: Вие сте крадци кои ја доведовте државата во оваа ситуација

Командант Малишева до Мицкоски:  Вие сте крадци кои ја доведовте државата во оваа ситуација

Мухамет Красниќи, Командант Малишева, на својот Фејсбук профил, објави статус каде пишува дека неговиот Фејсбук профил во изминатите денови бил хакиран, но и упати пораки до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

„Почитувани пријатели, мојот Фејсбук е хакиран и ми избришале некои статуси, особено последниот. Денес на вестите на Алсат-М дознавме дека Христијан Мицкоски нѐ нарекува кукавици и во служба на Зоран Заев. Сакам да му кажам на Мицкоски дека кукавици се тие, од Груевски па надолу, бидејќи бегаат од одговорноста, кукавици и криминалци сте вие раководството на ВМРО, вие сте и крадци кои ја доведовте државата во оваа ситуација, вие заслужувате затвор“, пишува тој. 

Вели дека тие со нивните пушки ги симнале од власт. 

Ние немаме проблем ниту со вашиот народ ниту со другите, се вели во неговиот Фејсбук статус и додава дека имаат проблем со ВМРО-ДПМНЕ. 

Слично

Поврзани вести