Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колозова: Никаде немаше негација на фашистичката историја на Бугарија

Колозова: Никаде немаше негација на фашистичката историја на Бугарија

Со реакција за интервјуто на премиерот Зоран Заев дадено за БГНЕС се јави Катерина Колозова, извршна директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. 
Таа на својот Фејсбук профил ја истакнува потребата од вршење на вистинска и целосна, а не делумна проверка на фактите.

„Се одморив. ПОД ЕДЕН, тест за вашата сопствена фашизоидност. Како звучи следново: „Германија не е нацизам. Германија е пријателска земја.“ И како звучи „Германија е нацизам, Германија е непријателска земја“? Сега, заменете „Германија“ со „Бугарија“. ПОД ДВА: И сега вака – БЕЗ ЛАЖЕЊЕ, никаде немаше негација на фашистичката ИСТОРИЈА на Бугарија. Лажете – не негираше историја. Формулацијата е во сегашно време. Вистиномери? Да проверевте нешто? Да наведевте цитати?, пишува Колозова.


Интервјуто на Заев поттикна многу критики во земјава и во регионот. 

Во Бугарија дел од политичарите и новинарите го поздравија како мал чекор. 

Дел од политичарите од власта го поддржаа Заев, затоа што сметаат дека прави напори за да напредуваме во евроинтеграциите. 

Либерално демократската партија бара средба на коалиционите партнери за да се разговара за ЕУ перспективите, особено во контекст на ветото од Бугарија и интервјуто на премиерот за БГНЕС.

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести