Колони во маркетите за студентски ваучер за електронска опрема
Од вчера до 20 декември годинава, студентите ќе можат да аплицираат за ваучер во вредност од 15.300 денари за да купат електронска опрема.
Министерството за дигитална трансформација го распиша јавниот повик, на кој право на аплицирање имаат 55 илјади редовни и вонредни студенти, а уште на првиот ден кај некои економски оператори за продажба на технолошки уреди имаше колони за чекање и беа направени посебни шалтери.
Со добиениот ваучер, документ за идентификација и потпишување на Изјава за искористен ваучер (во продажниот салон на економскиот оператор), студентот може да го подигне електронскиот уред од избраниот економски оператор, најдоцна до 31.12.2025 година.
Веднаш по објавувањето на повикот, аплицирале околу 1.000 студенти. Опремата купена со ваучерот треба да се подигне најдоцна до крајот на оваа година односно до 31 декември.
