КОЛОНИ НА ГРАНИЦИТЕ: Се чека по 45 минути, гужви и на Табановце и на Богородица
АМСМ известува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од денеска целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип - Запад до клучка Штип - Југ. Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце и ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Слично
