Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛОНИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ: Се чека и по еден час

КОЛОНИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ: Се чека и по еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен,информира АМСМ. На граничниот премин Табановце има чекање околу 1 час, а на преминот Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, немало подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ информираат дека регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за секаков сообраќај секој ден на делницата од Баба до Царина - (преспанска страна) од 08:00 до 17:00 часот, поради изведување градежни работи на пат. После 17:00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација. Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообраќај во двете насоки.

Слично

Поврзани вести