КОЛОНА ВОЗИЛА НАД 2 КИЛОМЕТРИ ЧЕКААТ НА БОГОРОДИЦА: видео од граничниот премин кон Грција покажува автомобили се до казината
Напливот на граѓани кои сакаат да заминат на море на границата со Грција континуирано расте.
Граѓани споделија видео од граничниот премин „Богородица“ за излез од Македонија на кое може да се види дека колоната на чекање е до хотелите, поточно до казината.
Видеото може да го видите на овој линк.
АМСМ веќе објави дека на граничните премини „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ за излез од земјава се чека од 40 минути до 1 час.
Граѓани на социјалните мрежи споделуваат дека колоната на чекање надминува и преку два километри.
- Влез во грција од Македонија колона долга над 2 километри.... Наоружајтесе со трпени - пишува во гупите на Фејсбук.
Слично
