Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колона возила чека на Деве Баир

Колона возила чека на Деве Баир

Колона возила моментално чека на граничниот премин Деве Баир за излез од Македонија кон соседна Бугарија.

Од граничниот премин Деве Баир велат дека системот од бугарска страна не работи и затоа има застој.

„Периодично кај нив со системот имаат проблеми и се создава метеж. Се чека по 20 до 30 минути. Од македонска страна работата се одвива нормално“- велат од Деве Баир. 

Во соопштението на АМСМ објaвeно утрово  стои дека нема подолги задржувања. 

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините“ - информираат од АМСМ. 

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Слично

Поврзани вести