Колкумина македонски граѓани го прочитале договорот со Грција?
Жестоко се водат полемики на социјалните мрежи, на работа и на улица за тоа дали е добар или не постигнатиот договор со Грција а потпишан во Преспа, истовремено ратификуван во Собранието на РМ и распишан на референдум на 30 септември, но само малкумина го имаат прочитано и ги знаат деталите од истиот.
Последната анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) дојде до резултат дека само 3,1 од испитаниците го прочитале договорот за името со Грција, кој е дел од референдумското прашање. За истиот, според анкетата најмногу се информирале од медиумите, од социјалните мрежи и од пријатели и роднини
Ова покажува дека македонските граѓани заклучоците повеќе ги формираат по сугестија, а не по сопствена перцепција.
