Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку животи однесе короната досега во земјава?

Колку животи однесе короната досега во земјава?

Во Македонија  2.791 лице почина од коронавирусот. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.717, бројката на оздравени пациенти е 78.727, а бројот на активни случаи изнесува 9.199. Скопје има 5.145 активни случаи, а Дојран е со најмалку, односно само 6 активни. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-37, Куманово-4, Тетово-1, Гостивар-1, Штип-2, Битола-1, Велес-1, Охрид-2, Кавадарци-5, Струга-1, Свети Николе-1, Крива Паланка-1, Берово-2, Делчево-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Пехчево-1.

Стапката на заразени од тестираните се спушти под 10 отсто и таа изнесува 9,3 отсто.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 573 оздравени пациенти од: Скопје-350, Куманово-19, Тетово-10, Прилеп-36, Гостивар-9, Штип-8, Битола-7, Велес-17, Струмица-15, Кавадарци-28, Кочани-9, Кичево-1, Свети Николе-4, Гевгелија-6, Неготино-12, Дебар-8, Ресен-5, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Пробиштип-3, Валандово-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Богданци-2, Кратово-1, Крушево-9, Демир Капија-1. 

Слично

Поврзани вести