Колку Заев е „омилен“ кај Грците?
За македонскиот премиер Зоран Заев, од вкупниот број на грчки испитаници, 53 отсто имаат негативен став, 28 проценти имале позитивен став и 19 проценти немале мислење за актуелниот политички лидер, според анкетата за прашања од надворешни работи на месечниот политички барометар во истражувањето спроведено од 6 до 16 ноември.
Што се однесува до нивното мислење за поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коцијас, еден од главните архитекти на договорот Атина-Скопје, 60 отсто од учесниците рекоа дека имаат негативен став кон него, 32 отсто рекоа дека имаат позитивен став и 9 отсто немале какво било мислење за политичарот.
Испитаниците исто така коментираа за амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пјат, за кого 39 отсто изјавиле дека немаат мислење за него, 31 отсто велат дека имаат негативен став и 29 отсто велат дека имаат позитивно мислење.
