Колку време ќе лежи в затвор градоначалникот Стојчев?
Струмичкиот суд денеска ги изрече пресудите за градоначалникот на Ново село, Боро Стојчев и останатите лица кои на 10 јули беа фатени на локалитетот Попова чука како пренесуваат цигари. Стојчев е осуден на казна затвор од година и шест месеци додека неговиот син и внук добија казна затвор од еден година. Поради здравствени причини сопругата на Стојчев доби условна казна, а лицето кое требало да го набљудува теренот од полиција, доби осумесечна казна затвор.
Основното јавно обвинителство пред денешната расправа го измени обвинението и на осомничените не им се судеше за занимавање со криумчарење туку за кривично дело обид за пренесување непријавена стока.
Сите обвинети го признале кривичното дело заради што имаат право на жалба до апелација во Штип единствено за висината на казните. Според пресудата се укинува и мерката притвор за што обвинтиелството има право на жалба
Стојчев со неговите најблиски беше фатен два километри пред македонско – бугарската граница како во две теренски возила превезуваат 33 илјади кутии цигари од марката Калипсо во висина од милиони и 200 илјади денари.
