Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку вредат петте станови на Никола Груевски?

Колку вредат петте станови на Никола Груевски?

Петте станови на екс премиерот Никола Груевски се проценети на 1,9 милиони евра.

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски одат на продажба. Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

„Според тоа што јас поседувам документација за проценките од Бирото за судски вештачења, досега целиот имот не е сè уште комплетиран со проценка, имаме уште два недвижни имота, КО „Нерава“ и КО „Центар“ што уште не е пристигната кај нас проценката од Биро за судски вештачења, но заради сето друго што е веќе направена проценката, за сите станови, и за тие на „Бихаќка“ и за тие во „Панорама резиденс“, е некаде околу 2 милиона евра, еден милион и 950 илјади евра“, рече Небиу. 

Вели дека ако аукцијата заврши успешно, таа сума може да се врати за многу брзо време во буџетот на државата.

Слично

Поврзани вести