Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Колку уште докази треба да се објават за конечно ЈО да започне истрага?“: СДСМ за државните тендери

„Колку уште докази треба да се објават за конечно ЈО да започне истрага?“: СДСМ за државните тендери

Досега Антикорипцискиот тим на СДСМ има објавено тендерска мрежа тешка над 100 милиони евра. Едни исти омилени фирми  на власта добиваат милионски тендери низ институциите и општините под контрола на ВМРО, изјави Кристијан Дојчиновски од СДСМ на прес-конференција.

- Ленди Груп за само две години добила 74 тендери, Пирамид Билдинг Солушнс добила 51 тендер, Масев дури 93 тендери.

Станува збор за повеќе од 200 тендери доделени на само на 3 омилени фирми на власта.

Оваа шема е надградема. Зад секој нивни тендер што го добиле речиси секогаш се појавуваат истите фирми за проктирање и надзор: МГ Проект и МБМ Архитекти.

Дали е сето ова случајно? Секако дека не е случајно. Се е бизнис за Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Колку уште докази треба да се објават за конечно да започне истрага Јавното обвинителство? - прашуваат од СДСМ.

Потоа исто така прашаа „како тоа едни исти фирми добиваат тендери, како едни исти фирми добиваат надзор и проектирање а никој не презема ништо?“.

- Станува збор за 100 милиони евра, пари на граѓаните.

СДСМ нема да запре. Ќе продолжиме да ги разобличуваме сите тендерски шеми, сите злоупотреби и сите сомнежи за корупција.

Ги повикуваме и граѓаните да продолжат да пријавуваат криминал, корупција и злоупотреби на дигиталната платформа www.micko.mk.

Заедно се бориме против корупцијата и криминалот.

Да ја вратиме власта во рацете на граѓаните. Сите ќе одговараат, од прв до последен! - нагласуваат од СДСМ во соопштението. 


Слично

Поврзани вести