Колку Турци, Германци, Срби и Бугари дошле во мај годинава во Македонија?
Над 130.000 туристи дошле во мај во земјава, а најбројни биле Турците.
Во мај годинава, во Македонија се регистрирани вкупно 131.723 туристи, од кои 106.756 странски, а 24.967 домашни туристи, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС).
Најголем број од странските туристи што ја посетиле Македонија во мај биле од Турција, вкупно 34.681, по што следуваат туристите од Германија (9.578), Србија (7.605) и од Бугарија (4.858).
Во текот на мај биле реализирани 236.727 ноќевања, при што 75,8 проценти биле остварени од странски, а 24,2 проценти од домашни туристи, што потврдува дека туристичката сезона сè повеќе се потпира на странските посетители.
Статистиката покажува дека во периодот јануари – мај 2026 година, во споредба со тој период лани, зголемен е вкупниот број туристи за 2,6 проценти. Притоа, бројот на домашни туристи е намален за 4,4 проценти, додека бројот на странски туристи бележи раст од 4,9 проценти.
Сличен тренд е забележан и кај ноќевањата. Во првите пет месеци од годинава, нивниот вкупен број бил зголемен за 1 процент во однос на тој период лани. Ноќевањата од домашни туристи се намалени за 4,1 процент, додека ноќевањата на странски туристи се зголемени за 3,3 проценти.
foto printskrin youtube
