Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку треба да работите во некои земји за да си купите појадок?

Колку треба да работите во некои земји за да си купите појадок?

Според Bloomberg Global City Breakfast Index, работниците во Осака, Абу Даби и Цирих за помалку од 5 минути заработуваат пари за да си купат појадок. 

Во Каракас на луѓето им требаат девет часа работа за да си купат појадок. Тоа во Венецуела е повеќе од една дневница. 

Се наведува дека храната е различно достапна во различни делови на светот според оваа анализа. 

Во Швајцарија луѓето со 1% од дневната заработка можат да си купат појадок, а во Киев во Украина треба да одвојат 6% од заработката. 

Во Виетнам за појадок се трошат 12% од заработката, но Латинска Америка е најзагрозена. 

Во Мексико се трошат 2.4% од дневницата за појадок. 

Како типичен појадок земени се в предвид цените на млекото, јајцата, лебот и овошјето. 

Слично

Поврзани вести