Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛКУ СУДИИ ЌЕ СЕ ПОКАЖАТ ХУМАНИ СО 20 ОТСТО ОД ПЛАТАТА - ќе даваат уплатници за да докажат

КОЛКУ СУДИИ ЌЕ СЕ ПОКАЖАТ ХУМАНИ СО 20 ОТСТО ОД ПЛАТАТА - ќе даваат уплатници за да докажат

Утре судиите ќе имаат можност да покажат колкумина од нив се хумани и ќе одлучат да донираат по 20 отсто од својата априлска плата во фондот за борба против коронвирусот. Всушност, тие во текот на утрешниот ден ќе ја земат својата априлска плата, пе ќе биде интересно да се види колкав процент од делителите на правдата во семјава ќе одлучат да се откажат од една петина од својот месечен прилив. 

Како што е познато, Уставниот суд минатата недела донесе одлука да ја преиспита уставноста на владината Уредба за сведување на функционерските плати на минималец. Тоа значи дека сите плати на судиите, министрите, пратениците и директорите ќе се исплатат на старите износи.

Оваа одлука на уставните судии предизвика жестоки реакции во јавноста.

По нив следуваше препорака од Здружението на судии, за 20 одсто минимална донација од судиската плата во фондот за борба против КОВИД-19. Здружението на судии им препорачало на своите претставници во судовите да ги собираат и скенираат уплатниците со кои ќе се знае колку уплатиле. Сите скенирани уплатници потоа ќе бидат испратени во седиштето во Скопје и таму ќе се пресмета колку е висока нивната солидарност.

Останува да се види дали и покрај барањата за уплатници, дел од судиите нема да ја послушаат препораката, и ќе одлучат да си ги задржат и тие 20 отсто.

А пред Уставниот суд минатата недела се најде иницијатива за преиспитување на уште една владина Уредба, која се однесува на забраната за исплата на паушалите и надоместоците на членовите на управни и надзорни одбори.

Сега е многу интересно да се види како ќе постапи Уставниот суд, односно дали и за оваа Уредба ќе покрене постапка за преоценување на уставноста, како што тоа експресно го стори со Уредбата за платите на функционерите и на судиите. 

Инаку, сите функционери на СДСМ одлучија да останат на минималецот од 14.500 отсто за април и за мај, а остатокот на го донираат во Фондот за борба против коронавирусот.

Слично

Поврзани вести