Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку спорни гласачи го регулирале своето избирачко право?

Колку спорни гласачи го регулирале своето избирачко право?

До 14 часот денеска  214 граѓани побарале запишување во избирачкиот список од вкупно 29.858 чии записи по извршените вкрстени и теренски проверки останале неконзистенти. 

Ова го потврдуваат од Државната изборна комисија. Објаснуваат дека 161 пријава била прифатена, една е во обработка, а 52 се во фаза на разгледување. Пријавувањето на 29.858 граѓани за запишување во избирачкиот список е во тек. Рокот за завршување на овие изборни дејствија е до 24 часот на 11 ноември. 

Во тек е и пријавувањето за гласање на претстојните избори за граѓаните од странство, а досега се пријавиле 5.909 пријави. Од нив, 5.379 пријави се прифатени, 132 се одбиени, а останатите се во обработка.

Во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК низ државата до вчера до 19 часот, јавен увид во избирачкиот список извршиле вкупно 1.358 избирачи. 


Слично

Поврзани вести