Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку слободни кревети има во болниците низ Македонија?

Колку слободни кревети има во болниците низ Македонија?

Во земјава има околу 380 слободни кревети во болниците.

Во ковид-центрите во Македонија се лекуваат 1 663 пациенти, од кои 702 се во Скопје, а останатите во болниците во другите градови. Ова стои во дневниот извештај од Министерството за здравство. Изминатото деноноќие во Скопје се примени 48 нови пациенти, а отпуштени се 28. 

Во внатрешноста, најмногу хоспитализирани има во Битола – 151, Прилеп – 116 и Охрид – 100. Во кумановската болница се лекуваат 94, во штипската 91, а во Велес и Струмица по 90 пациенти. Понатаму следат Кавадарци со 55, Гостивар 44, Тетово 40, Кочани 27, Кичево 25, Гевгелија 22 и Струга 18.

Инаку, главниот кризен координативен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите од Комисијата за заразни болести и врз основа на истите предлага на наредната седница на Владата, да се усвои одлука со која постојните мерки кои се со важност до 20 април 2021 година (вторник), да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник).

foto freepik

Слично

Поврзани вести