Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку штета причинија ерозиите на земјата? -Уништени домови и патишта во полошко

Колку штета причинија ерозиите на земјата? -Уништени домови и патишта во полошко

Поројните дождови предизвикаа повеќе свлечишта во полошко. Се урна карпа над населбата кај православните гробишта во Тетово. Појавено е свлечиште на патот во село Пирок, Општина Боговиње.

Избегната е и поголема трагедија кога карпа, која се изместила поради земјено свлечиште, ја оштетила куќата на семејството Бериша во горниот дел на Тетово, над православните гробишта.За среќа нема повредени,а причинета е материјална штета.Поради можни нови одрони и свлечишта,претстојниот период се апелира да се избегнува движење кон планинските предели и критични места.

Поради поројните дождови ерозија на земјата се појави и на патот во село Пирок. Од месната заедница, велат дека свлечиштето на патот се уште е активно.

Водостојот на реката Вардар во општина Јегуновце е висок но започнува да се стабилизира, водата се повлекува во своето корито.

Слично

Поврзани вести