КОЛКУ СЕ ЗАШТИТЕНИ РАБОТНИЦИТЕ: Работник во Струга тешко повреден од пад од скеле
Работник во Струга падна од скеле.
Имено, вчера(24 мај) околу 13.30 часот на ул. „Едвард Кардељ“ во Струга, С.Ѓ. (23) од с.Велестово, охридско, при извршување на градежни работи на куќа, паднал од скеле од висина од околу 6,5 метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Тој веднаш бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде што му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга и при тоа се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Слично
